Монтенегро е одговорен за појавување на повеќе големи брендови на Македонскиот пазар и е исто така причината поради која многу купувачи денес може да пробаат врвни млечни и сувомеснати производи.Монтенегро е еден од ретките дистрибутери во Македонија кој има целосен фокус на млечни и сувомеснати производи и поради тоа станува експерт за тој вид производи за кои е потребен посебен режим на одржување. Во 2007 година Монтенегро стана и сопственик на млекарата Маестро со седиште во Србија која произведува повеќе производи меѓу кои и Маестро крема и фета сирење кои се лидери во својата област во Македонија.
Монтенегро има високо развиена дистрибутивна мрежа која располага со околу 40 возила и е меѓу најуспешните дистрибутивни куќи во Македонија. Во листата на дистрибутивната мрежа на Монтенегро се наоѓаат повеќе од 30 реномирани европски брендови.