За нас

Монтенегро е приватна семејна компанија која е основана во далечната 1963 година во Република Црна Гора. Во 1988 година со отварањето на првиот маркет во Гостивар својот капитал го префрла во Македонија и е една од ретките македонски компании кои можат да се пофалат со долгогодишна семејна традиција, квалитет, посветеност, и иновативност која трае повеќе од 50 години. Монтенегро е компанија која се состои од два успешни сектори: малопродажба на прехранбени производи во која со своите 6 маркети лоцирани во Гостивар повеќе од 30 години се грижи за своите купувачи; и увоз и дистрибуција на прехрамбени производи од повеќе од 30 реномирани европски брендови.

Како корпорација денес Монтенегро вработува повеќе од 220 вработени и е најголем приватен вработувач во Гостивар. Благодарение на сите тие вработени, денес Монтенегро има одличен тим со кој континуирано напредува во своите дејности.

ВИЗИЈА

Да им обезбедуваме најдобри и најквалитетни производи на купувачите ширум Македонија и секогаш да го нудиме најдоброто по најповолни цени.

МИСИЈА

Да ги задоволиме потребите и желбите на купувачите и со совршена грижа и услуга тие секогаш да бидат среќни и задоволни.